Балкан

Ципрас денеска на средба со Јункер

Ципрас денеска на средба со Јункер
Ципрас на средба со Јункер

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска ќе се сретне со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, на Европската централна банка Марио Драги и со шефот на ММФ Кристин Лагард, пред состанокот на Еврогрупата кој ќе почне попладне, јави дописникот на МИА од Атина.

Упатените во преговорите коментираат дека грчката Влада и доверителите се многу блиску до договор, и сите во Атина и во европските метрополи веќе одбројуваат и работат врз финалната но клучна верзија на текстот на договорот.

Државниот министер Никос Папас и заменик-министерот за надворешни работи Еуклид Цакалос исто така се во Брисел. Ако Еврогрупата денеска се договори, а преговорите завршат на утрешниот самит, во Атина ќе бидат иницирани парламентарни процедури со цел расправа за договорот. Првиот состанок ќе биде на политичкиот секретаријат на Сириза, потоа на Централниот комитет и на крајот на парламентарната група.