недела, 25 декември 2016  |  Вести денес: 0

Ципрас до Давутоглу: Добро е што грчките пилоти не се толку нервозни

aleksis cipras

Поврзани вести

Добро е што нашите пилоти не се толку нервозни, колку вашите во однос на Русите, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас пред турскиот премиер Ахмет Давутоглу за време на самитот ЕУ-Турција, пренесува МИА.

Ципрас ова го посочи во своето обраќање кон турскиот премиер на социјалните мрежи по прашањето за бегалскиот прилив и нарушувањето на грчкиот воздушен простор од страна на турски авиони.

tsipras_davutoglu_web--2-thumb-large

Вистинска војна се водеше доцна синоќа на Твитер помеѓу двајцата премиери, пред Ципрас да ги избрише твитовите од англиската верзија на профилот.

cipras-tvitovi-1

cipras-tvitovi-2Апсурдно е тоа што се случува во Егејското Море. Трошиме милијарди за вооружување, за вие да вршите нарушувања, а ние да ги пресретнуваме авионите, додаде тој.

Поседуваме најмодерни воздушни оружја, а на копно не можеме да ги откриеме трговците со луѓе, поради кои невини човечки животи згаснуваат во Егејското Море, рече грчкиот премиер.

Најчитани вести