Ципрас доби мандат да формира влада

Ципрас доби мандат да формира влада
Ципрас доби мандат да формира влада

Лидерот на Сириза Алексис Ципрас доби мандат да формира влада од грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, јави дописникот на МИА од Атина.

Во разговорот со престедателот, Ципрас го информирал дека ултрадесничарската партија Независни Грци, повторно ќе учествува во новата влада.

Малку подоцна, Ципрас ќе положи заклетва како нов премиер на Грција, вторпат оваа година.

Лидерот на десничарската партија Независни Грци Панос Каменос претходно потврди дека неговата партија повторно ќе биде партнер на Сириза во новата влада.

Тоа ќе биде прогресивна влада, влада која ќе продолжи со задачите што ги презедовме изминатите шест месеци, и се надевам дека пратениците ќе ја сфатат пораката на грчкиот народ за национално единство – изјави Каменос по средбата со Ципрас.

Партијата Сириза на Ципрас освои 145 места во парламентот кој има 300 членови, додека партијата на Каменос освои 10 места.

Двете партии ќе имаат вкупно 155 пратенички мандати, што ќе им обезбеди мнозинство.