Ципрас: Договор со кредиторите на почетокот на мај

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изрази уверување дека на почетокот на мај Атина ќе постигне договор со кредиторите, Европската унија и ММФ.

– Наша цел е, ако биде можно, неделава да го постигнеме првиот договор или најдоцна следната недела. Верувам дека сме блиску (до договор), изјави Ципрас во интервју за грчката телевизиска станица Стар ТВ, пренесува Франс прес.

Тој исто така, наведува дека неговата влада е подготвена да разгледа голем број приватизации, како и дека настојува да склопи голем број договори за партнерства за клучни проекти, вклучително и за пристаништето Пиреј, за кое Кина е многу заинтересирана.