петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 75

Ципрас: Грција ги чува границите на Европа

Премиерот Алексис Ципрас изјави дека Грција ќе продолжи активно да учествува во решавањето на проблемот со бегалците и и’ порача на Европа дека Грција ги чува границите.

Ципрас e „најсиромашен“ во грчката Влада

Ципрас e „најсиромашен“ во грчката Влада

Поврзани вести

Премиерот Алексис Ципрас изјави дека Грција ќе продолжи активно да учествува во решавањето на проблемот со бегалците и и’ порача на Европа дека Грција ги чува границите.

Ципрас во изјава за грчката телевизија ЕРТ3 изјави дека Грција е одлучна да не биде пасивен посматрач туку да игра активна улога, како што претходно правеше и да преземе иницијатива за решавање на проблемот со бегалците, пренесува РТС.

Тој подвлече дека неговата земја води биртка проблемот со бегалците да се посматра како европски проблем и проблем на соседните земји.

Грција ги исполнува своите европски обврски за приемто и идентификацијата во центарот за бегалци, наведе Ципрас и нагласи дека Европа мора да сфати дека Грција ги штити границите на ЕУ.

Ниту оградата, ниту префрлањето на проблемот од една во друга земја, неможат да го спречат приливот на бегалци до кој дојде поради војна и сиромаштија, заклучи Ципрас.

Најчитани вести