Ципрас: Грција има историски долг да побара воени репарации од Германија

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека неговата земја има историски долг да побара воени репарации од Германија, пренесе МИА.

По ова прашање Германија се изјасни негативно.

– Имаме морална обврска кон нашиот народ, кон историјата, кон сите европски народи, кои се бореа и ги дадоа своите животи во борбата против нацизмот, имаме историска обврска да побараме од Германија воени репарации и враќање на насилниот заем, наложен на земјата од страна на нацистите, а кој не е вратен, истакна Ципрас пред Парламентот во Атина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.