Ципрас: Грција ќе има Влада следниот ден по изборите

Ципрас го прифати барањето на европските партнери ММФ да учествува во спасувачката програма за Грција
Ципрас го прифати барањето на европските партнери ММФ да учествува во спасувачката програма за Грција

Грција ќе има Влада следниот ден по изборите, изјави лидерот на Сириза Алексис Ципрас, во интервју за државната телевизија ЕРТ.

Она што е во прашање е дали ќе имаме прогресивна влада со Сириза која ќе отвори патишта, или влада која ќе го претставува стариот политички систем, додаде тој.

Ципрас истакна дека ако нема парламентарно мнозинство, ќе го земе мандатот и ќе формира влада во рок од три дена.

Сите знаеме дека првиот ќе формира влада. Никој нема да преземе одговорност да ја вовлече земјата во уште едни избори. Ние ќе ја почитуваме одлуката на народот, рече тој.

Ципрас исто така истакна дека Сириза е за соработка и тоа го докажува со Независни Грци (Анел). Она што е важно, сепак, рече тој, е дека оваа соработка е „пристојна“ и двете партии имаат исти цели.

Ние докажавме дека наша цел е да го обединиме, а не да го поделиме народот, подвлече тој.

Во врска со неговото противење за соработка со Нова демократија, тој објасни дека нејзиниот лидер Евангелос Меимаракис не сака соработка, туку интеграција на стариот политички систем.

Тој исто така рече дека е горд на „суровите“ преговори и фактот дека Грците знаат оти имаат власт која се бори за нив.