Ципрас: Грците денеска бираат дали сака достоинствен живот

“Денес правиме чекор кон враќањето на надежта, демократијата и достоинството на нашата земја”, изјави пред новинарите, лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, откако гласаше на избирачко место во Атина.

Според Ципрас, граѓаните на Грција денес прават избор меѓу враќање на мерките на штедење и достоен живот во Европа, пренесоа агенциите. Веќе соопштивме дека СИРИЗА собира меѓу 33.5 – 35.5 од галсовите според податоците на првиот Exit poll.

“Дилемата на денешните избори се гледа појасно од било кој друг пат. Денес ќе одлучиме дали утре Грција ќе се врати во тројката меѓународни кредитори – ЕУ, ЕЦБ, ММФ, за да ги исполни обврските од премиерот Андонис Самарас за дополнително намалување на пензиите и платите, зголемување на даноците, укинување на забраната за продажба на аукција на куќите на должници на хипотекарни кредити, односно за продолжување до бескрај на катастрофалната политика на штедење или за тоа нашата земја да започне да си наметне за себе достоинствен живот во Европа “, рече Ципрас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.