Ципрас ќе се сретне со земјоделците во понеделник

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во понеделник ќе одржи средба со претставници на земјоделците.

– Речиси сите комитети за координација на земјоделците се информирани за средбата и повеќето одговорија позитивно. Очекуваме од другите комитети да назначат нивни претставници, изјави министерот за рурален развој Евангелос Апостолу додавајќи дека Владата е отворена за дијалог.

Сега се чека реакција од земјоделците кои со своите блокади буквално ја поделија Грција на половина и го прекинаа сообраќајот меѓу северниот и јужниот дел на земјата. Земјоделците веќе подолго време ги блокираат и граничните премини на Грција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.