Средба Ципрас – Коѕиас пред посетата на Турција

Средба Ципрас  – Коѕиас пред посетата на Турција. Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска се сретна со министерот за надворешни работи Никос Коѕиас за да разговараат за актуелните прашања од надворешната политика во пресрет на неговата официјална посета на Турција на 18 ноември, пренесува МИА.

Надворешната политика игра важна улога во преговарачката моќ на земјата, која е неисцрпна, изјави Ципрас на средбата, додавајќи дека Грција „постојано преговара“.

Грчкиот премиер истакна дека во екот на бегалската криза и пред посетата на Турција, сите треба да бидат „соодветно информирани и подготвени со цел да се искористат предностите на моментумот и да се постигне најдобар можен резултат за државата“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.