Ципрас: Кредиторите се обидуваат да ја уништат владата на Сириза

Грчкиот премиер Алексис Ципрас смета дека кредиторите се обидуваат да ја уништат неговата влада и дека нивните барања за дополнителни мерки за штедење се политички мотивирани, објави МИА.

Ципрас изјави дека сака договор, што ќе стави крај на приказните за напуштање на еврозоната од Грција, но нагласи дека неговата влада дошла на власт со цел да стави крај на мерките за штедење.

– Мандатот што го добивме од грчкиот народ, е со цел да ставиме крај на политиката на штедење, изјави тој пред пратениците од неговата левичарска партија СИРИЗА.

Според Ципрас за тоа да се постигне е потребен договор што рамномерно ќе го подели товарот и што нема само да ги погоди работниците и пензионерите.

Грчкиот премиер изјави дека Европската централна банка бара финансиско „задушување“ на Грција и ги обвини ЕЦБ и ЕК дека одбиваат да понудат отпишување на долгот