Ципрас моли за средба со челниците во ЕУ

Грчкиот премиер Алексис Ципрас побарал петстрана средба со францускиот претседател Франсоа Оланд, германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот на Европската централна банка Марио Драги и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, што ќе се одржи пред закажаниот за четврток самит на ЕУ во Брисел.

Ципрас итно го побарал телефонски претседателот на Европскиот соцет Доналд Туск, да замоли за оваа средба.

Грчкиот премиер доби покана да го посети Берлин и да се сретне со германскиот канцелар на 23 март неколку дена по самитот на ЕУ, на кој се очекува да биде изнесен проблемот на земјата.

Поканата на германскиот канцелар е од големо значење, бидејќи постојат групи во Берлин и Атина што веруваат дека проблемите во односите на грчката влада со Европа и Берлин може да бидат надминати единствено на највисоко ниво, пишува грчката страница „њуз.ин“.

Ципрас ќе замине и во посета на Москва на 8 април на средба со рускиот претседател Владимир Путин, еден месец порано од планираното.