Балкан

Ципрас на иста маса со претставниците на грчките земјоделци

Ципрас на иста маса со претставниците на грчките земјоделци

Грчкиот премиер Алексис Ципрас на денешната средба побара од грчките земјоделци кои еден месец протестираат против планираните реформи, да ги земат во предвид фискалните ограничувања во владината политика, пишува Катимерини.

Политиката за обнова на базата на производство во земјата мора да ги земе во предвид вашите предлози, рече Ципрас по разговорите со претставниците на земјоделците.

Грчките фармери поставуваат блокади на граничните премини
Грчките фармери поставуваат блокади на граничните премини

Во исто време, сепак, вашите предлози мора да ги земат предвид проблемите со кои се соочува земјата; фискалните услови во кои ние сме принудени да работиме, рече тој.

Инаку на денешната средба учествуваше само една од четирите поголеми групи земјоделци што протестираа во изминатиот месец.

Грчките земјоделци во знак на протест на најавените реформи на пензискиот систем во земјата, околу еден месец поставуваат блокади на патиштата во земјата, како и на граничните премини кон Македонија и Бугарија.