Ципрас: Не за еврозона со две брзини

Во трибината објавена во париски „Монд“, грчкиот премиер Алексис Ципрас ја отфрла идејата за „еврозона со две брзнини“ и исто така ја отфрла одговорноста за парализата на преговорите со Брисел, јави МИА.

Во трибината, која беше објавена непосредно пред телефонските разговори на Ципрас со Франсоа Оланд и Ангела Меркел, тој објаснува дека „Европа се наоѓа на раскрсница“, еден вид на ехо наспроти позициите на францускиот министер за економија Емануел Макрон, кој во вчерашеното издание на „Журнал ди Диманш“ се заложи за Европа со „две бризини“,

Ципрас смета дека во една таква конфигурација, цетралното јадро ќе ги наметнува строгите правила на штедење. Тој замислува дека „за секоја земја која ќе одбие да попушти, казната ќе биде тешка, од рестрикција на движења на капиталот, дисциплински санкции, па дури и создавање на паралелна монета со таа на еврото“.

Грчкиот премиер вели дека е за „продлабочување на европската интеграција во контекст на еднаквост и солидарност меѓу народите и граѓаните“, но за тоа, според лидерот на грчката екстремна левица, потребно е да се почитува гласањето на грчкиот народ, кој избра да го „оспори еднонасочниот пат на строго штедење“.

Ципрас посакува брзо склучување на договор со „тројката“ (ММФ, ЕЦБ и ЕУ), со кој ќе и се стави крај на европската економска криза. Тој е изненаден што усогласувањето со „тројката“ трае толку долго, со огкед дека грчката Влада претстави мерки уште во февруари.

– Ако се уште не најдовме договор со нашите партнери, тоа не е поради нашата непопустливост, ниту поради нерабирливите предлози на грчката страна, вели Ципрас.

Тоа според него е поради неразумната опсесија на некои претставници на институциите кои инсистираат на неразаумни решенија, покажувајќи рамнодушност за демократските резултати на последните законодавни избори во Грција.

Европа, според Ципрас, ќе треба да избира „меѓу стратегијата на реализмот за солидарна Европа, за еднаквост и демократија, со таа на поделбите“.