Ципрас: Никогаш нема да ги нарекуваме Македонци (ВИДЕО)

Грчкиот премиер Алексис Ципрас дава сосема спротивни изјави од својот македонски колега Зоран Заев.

Откако од новинарите беше нападнат дека постигнал лош договор за името Ципрас и дека Грција капитулирала тој излезе со став кој што е дијаметрално спротивен на позицијата која што завчера во Скопје ја потенцираше Заев. Македонскиот премиер тврди дека со договорот се бетонира македонската нација и јазик.

„Не признаваме македонска нација…никогаш нема да ги нарекуваме Македонци, ние секогаш ќе ги нарекуваме Славјаномакедонци“, изјави Ципрас во дебатата.

Според него соседниот народ само се нашол на територијата на поширока Македонија но дека тој нема никаква врска со грчката историја и хеленската култура и тоа во договорот е мноју јасно прецизирано.

Видеото од Ципрас за Македонија почнува околу 16.30…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.