Ципрас во официјална посета на Турција поради бегалската криза

Ципрас e „најсиромашен“ во грчката Влада
Ципрас e „најсиромашен“ во грчката Влада

Грчкиот премиер Алексис Ципрас планира официјална посета на Турција поради бегалската криза, пишува атинскиот весник „Вима“, пренесува МИА.

Во рамки на визијата на Владата дека Грција може да се претвори во клучна земмја од Европската унија, доколку ефикасно се соочи со големиот бегалски бран кон Европа, премиерот Ципрас планира повеќе активности, објави весникот.

Според „Вима“ Ципрас признал дека одлуките за ситуацијата не доаѓаат само од Европа и оти Турција има голема улога во оваа бегалска криза. Поради тоа грчкиот премиер се подготвува за официјална посета на Анкара по вчерашните избори во Турција.

Исто така, неделава грчкиот премиер подготвува средба со градоначалниците и митрополитите на пет острови, кои се најсилно погодени од бегалската криза, Лезбос, Хиос, Кос, Самос и Лерос.

Во посета на Грција в среда и четврток ќе пристигне претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, кој заедно со грчкиот премиер ќе го посети островот Лезбос.