Ципрас по излегувањето од финансиската помош прогласи „ден на ослободувањето“

Грчкиот премиер Алескис Ципрас оцени во вторникот дека излегувањето на Грција од програмата на странска финансиска помош претставува „одисеја на модерното време“, тврдејќи дека земјата којашто за малку го избегна шестиот банкрот во својата понова историја никогаш не смее да ги заборави уроците кои ги научила по осумгодишниот строг финансиски меѓународен надзор.

„Ова е ден на ослободувањето“, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во своето обраќање до нацијата од ридот над заливот на јонскиот остров Итака, митската татковина на античкиот херој Одисеј,

Одлуката на Ципрас излегувањето на Грија од програмата за надворешна финансиска помош да се одбележи на Итака има многу симболика: токму на овој остров, според епот на Хомер, се вратил Одисеј по десетгодишното талкање по непознати мориња и острови.

„Никогаш не смееме да ги заборавиме лекциите од грчкиот ’бејлаут’. Никогаш нема да ги заборавиме причините, односно луѓето кои нашата земја ја доведоа до бејлаутот“, рече Ципрас.

Грција во понеделникот излезе од својота трета финансиска програма и договор со меѓународните кредитори што треба да ѝ обезбеди евтини кредити во замена за спроведување на непопуларните реформи и острите мерки за штедење.

Грција во замена за милијардите евра помош се обврза на болните реформи, вкупно 88, како и на мерките за штедење. Тоа подразбираше намалување на пензиите за десетина пати и пад на просечната заработка за околу четвртина. Заемите ѝ помогнаа да со одржи над банкротот, но истовремено го зголемија нејзиниот долг кој сега изнесува 318 милијарди евра или 180 отсто од бруто домашниот производ (БДП).

Челникот на крајната левица Алексис Ципрас победи на изборите во 2015 година со ветувањето дека ќе ги раскине договорите со кредиторите, но сепак се покажа дека или бил проектиран да ги отапе жестоките противења на грчката јавност на жестоките мерки за штедење наметната од странските доверители или, пак, бил принуден да го потпише во август истата година новиот тригодишен пакет мерки за да го избегне банкрот на Грција.

Грчкиот премиер во говорот на Итака повлече паралели со херојот Одисеј: „Итака уште еднаш ќе биде поврзана со завршувањето на оваа одисеја на модерната ера“.

„Пред три и пол години нашиот народ донесе историска улога. Да им ја одземе власта на оние кои го водеа кон карпите и да им го даде управувањето во рацете на новите капетани“, рече Ципрас алудирајќи на избоната победа на неговата коалиција на радикалната левица Сириза. Грција ќе ги одржи следните парламентарни избори следната година.

Поранешниот премиер Јоргос Папандреу, кој во април 2010 година го потпиша првиот пакер за странска финансиска помош со партнерите од еврозината, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, тогаш, исто така, повлече паралела со Одисеј.

„Се наоѓаме на тешко патување, новата одисеја за Грција и грчкиот народ. Но го знаеме патот кон Итака, и знаеме што се наоѓа пред нас“, рече Папандреу во 2010 година.

Во меѓувреме грчката економија опадна за четвртина, за колку што се намали и просечната плата во земајта, третина од населението се смета дека живее во сиромаштија, додека стотици илијадници млади луѓе емигрираа од Грција.

Фондот за помош, Европскиот стабилизациски механизам (ESM), предупреди сепак дека пред Грција стојат уште „големи предизвици“. Грција мора да ги продолжи напорите на „либерализација на својата економија, создавање ефикасна јавна администрација, како и поттикунување на деловната атмосфера“, напишаа претставниците на ESM, кои истакнуваат дека стапката на невработеноста останала многу висока и во мај годинава изнесувала 19,5 отсто. Сеопфатните реформи бараа и многу непопуларни мерки, како што се модернизирање на грчките пензиски и задравствен систем, како и дополнителни приватизации на големите државни компании во сите сектори.

Финансиските пазари се очекува следните месеци да покажал дали завршувањето на програмата за финансиска помош навистина значи и крај на грчката финансиска криза. Како мерка за сигурност, Грција сега располага со 25 милијарди евра, што значи дека може да се самофинансира во следните две години, независно од тоа какви ќе бидат каматните стапки на отплатата на кредидите.

Грција и натаму ќе остане под финансиски надзор на ЕУ, а Европската комисија ќе објавува квартални извештаи за економската, фискалната и финансиската ситуација во земјата, додека таа истовремено ќе продолжи да ги извршува обврските коишто следат по завршувањето на програмата за странска финансиска помош.