Ципрас побара реструктуирање на грчкиот долг

Грчкиот надворешен долг достигна ниво од 178 отсто од бруто домашниот производ на Грција, со што е неодржлив и мора да биде реструктуиран, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во обраќање во седиштето на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во Париз, пренесе МИА.

– Повеќе неможеме да са правиме дека државниот долг на земјата е одржлив и дека можеме да го опслужуваме, бидејќи тој достигна приближно 178 проценти од БДП, а нашите трошоци за отплата на камати изнесуваат 6,5 милијарди евра годишно до 2021 година, по што ќе се зголемат на 11 милијарди, а во 2022 и на 24,5 милијарди евра, потенцира Ципрас.

Според него, како што јави ТАСС, нереално е да се инсистира на примарен суфицит на буџетот од три отсто од БДП во 2015 и по 4,5 проценти во иднина, само со цел да се создава претстава дека грчкиот државен долг е одржлив.

– Од животна важност за Грција е нејзиниот државен долг да биде реструктуиран, истакна грчкиот премиер.

Според Ципрас, рестуктуирањето на долгот ќе ја направи земјата платежноспособна, значитечно ќе ги намали каматите на државните обврзници со рок на доспевање од 10 години и на Грците ќе им даде можност за почнат своите финансиски потреби да ги задоволуваат од пазарите на капитал.

– Според наше мислење (Европската) монетрана унија не е способна да го реши порблемот со државниот долг на Грција, додаде Ципрас во обраќањето.

Грција и ОЕЦД во средата потпишаа договор за консултантска и експертска помош од страна на Организацијата во спроведувањето на грчките реформи.