Ципрас попладнево ќе положи заклетва, новата влада утре

Лидерот на Сириза, Алексис Ципрас за околу еден час ќе се сретне со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос од кого ќе добие мандат да формира влада.

Малку подоцна, Ципрас ќе положи заклетва како нов премиер на Грција, вторпат оваа година.

Грчките медиуми јавуваат дека лидерот на Сириза веќе го има составено својот нов кабинет, па затоа се очекува новата влада да положи заклетва утре претпладне.

Путин му ја честиташе победата на Ципрас

putinРускиот претседател Владимир Путин денеска му ја честиташе победата на Алексис Ципрас на вчерашните предвремени парламентрни избори, јави дописникот на МИА од Атина.

Путин му честиташе на грчкиот лидер со телеграма во која изрази надеж за „продолжување на конструктивниот дијалог со Атина“.

Во соопштението од Кремљ исто така се изразува и желбата на Москва за зајакнување на руско-грчката соработка, која е „од корист за двете земји во многу области, особено во трговијата, економијата и енергијата“.