Ципрас: Разликите треба да се решаваат единствено преку дијалог

Разликите што постојат треба да се решаваат единствено преку дијалог. Ова го изјави синоќа грчкиот премиер Алексис Ципрас на средбата со вселенскиот патријрах Вартоломеј во Атина.

Како што пренесува МИА, повикувајќи се на грчките медиуми, Ципрас нагласил дека Грција во моментов се соочува со три кризи – економската криза во Европа, која, според него, се уште не е завршена, бегалската криза и кризата на дестабилизација и конфликти во регионот.

Ставот на грчката Влада е дека единствен начин за надминување на разликите е патот на дијалогот, изјави Ципрас.

Премиерот на Грција нагласи дека Грција „не сака да биде дел од проблемот, туку дел од решението и не само дел од кризата, туку и дел од решението“.

Патријархот Вартоломеј од своја страна нагласи оти верува во дијалогот, додавајќи дека проблемите во црквата и општетсвото треба да се решаваат пореку дијалог, а не со оружје.