четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 21

Ципрас: Решението на бегалската криза треба да биде европско

Решението на проблемот сепак не може да биде ништо друго освен европско, смета Ципрас

Aleksis Cipras

Последни вести

Решението на бегалската криза треба да биде европско, сеопфатно и да се пронајде во соработка со Турција, оцени грчкиот премиер Алексис Ципрас на Твитер во врска со денешната средба во Атина со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и пред престојниот самит ЕУ-Турција на 7 март.

Цирпас смета дека одлуката на Европската комисија да обезбеди средства во износ од 700 милиони евра за надминување на хуманитарната криза во голем степен ќе помогне и за реализација на грчкиот владин план за вонредна состојба, пренесува МИА.

– Решението на проблемот сепак не може да биде ништо друго освен европско. Како што кажав и пред германскиот телевизиски канал Цет-Де-Еф неопходно е сеопфатно решение и соработка од страна на Турција. За тие работи ќе инсистираме на претстојниот самит ЕУ-Турција. Тоа ќе му го појаснам денеска и на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, истакна Ципрас.

Тој уште додаде дека е потребна мобилизација на сите во ЕУ за да се даде ефикасен одговор на бегалската криза.

Најчитани вести