Балкан

Ципрас: Санкциите за Русија треба да се укинат

Ципрас: Санкциите за Русија треба да се укинат

Грчкиот премиер Алексис Ципрас по денешната средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, изјави дека санкциите треба да бидат изоставени, објави МИА.

– За да се надмине таквата длабока криза (во Украина) треба да се изостави порочниот круг на санкции. Важно е да се обезбеди мир и стабилност во Украина и сите страни да ја поддржат реализацијата на Договорот од Минск – посочи Ципрас.

Путин посочи дека Грција не побарала финансиска помош од Русија, но оти кредитите во рамките на соработката меѓу двете земји се возможни.

– Ако ние, на пример, реализираме некој голем проект, кој ќе донесе приходи на Грција, тоа значи дека со тие приходи може се исплатат тие кредити, кои денеска ги спомнавме. Значи, не станува збор за помош туку за соработка и во финансиската сфера, поврзани со конкретни крупни проекти – потенцира Путин.

Тој додаде дека Русија е заинтересирани за инвестирање во Грција, пред се во инфраструктурата – пристаништа, аеродроми, гасоводи.