Балкан

Ципрас се дистанцира од британскиот УКИП и францускиот „Народен фронт“

Ципрас се дистанцира од британскиот УКИП и францускиот „Народен фронт“

Лидерот на главната опозициска партија во Грција Сириза, Алексис Ципрас се дистанцираше од останатите опозициски партии кои забележаа голем успех на европските избори, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Партијата на Ципрас ги збуни меѓународните пазари, кога изби како политичка сила која може да и’ се спротивстави на формацијата на премиерот Андонис Самарас. Ципрас ја цени Сириза како „оаза во пустината“ и ја нарече Британската партија за независност УКИП и францускиот крајнодесничарски „Национален фронт“ „чудовишта“ родени од политиките за штедење.

„Ние сме проевропска сила, која сака да ја промени Европа, а не да ја уништи“, посочува 39-годишниот Ципрас во првото интервју по европските избори.

„Економиите родија политички чудовишта“, истакнува тој.