Балкан

Ципрас: Се срамам поради неспособноста на Европа да се справи со бегалците

Ципрас: Се срамам поради неспособноста на Европа да се справи со бегалците

Заштитните ѕидови кои се подигаат во европските држави за да ги запрат бегалските каравани и дискусиите на средбите на врвот на кои „секој се обидува да ја префли топката во полето на другиот”, се закана да ја претворат Грција во бескрајно гето за бегалци. Затоа Грција го вклучи алармот поради бегалците и нема да ја отвори границата во областа Еврос, пишува грчкиот весник „Вима“.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас испрати порака за спас на грчките острови и бегалците.

– Чувствувам срам поради неспособноста на Европа да се справи ефикасно со оваа човечка драма- рече тој во Парламентот.

Заштитните ѕидови кои се подигаат во европските држави за да ги запрат бегалските каравани и дискусиите на средбите на врвот на кои „секој се обидува да ја префли топката во полето на другиот”, се закана да ја претворат Грција во бескрајно гето за бегалци. Грција тешко би можела самата да се справи.

Но, Ципрас верува дека може да биде создаден општествен фронт со помош на локалната самоуправа и црквата, за да се зачува социјалната кохезија на граничните острови во земјата, кои се подложени на невиден притисок од миграциските текови.

За таа цел, неделава се организира средба