Ципрас: Се срамам поради неспособноста на Европа да се справи со бегалците

под тој притисок?

Сето тоа се случува во момент кога десетици бегалци се удавија во Егејско Море минатата недела, од кои повеќето беа деца. На основа на таа нестивнувачка трагедија се повеќе се множат барањата меѓу кои и оние од младинската организација на владејачката партија Сириза, за отстранување на жичаната ограда во северногрчката област Еврос, за да можат бегалците да минуваат кон Грција и да се избегнува нивно опасно патување од турскиот брег.

cipras

Министерот за мигарциска политика Јанис Музалас засега ја отфрла таа можност. Има прашања од техничка природа кои во оваа фаза не дозволуваат да биде реализирана една таква идеја и границата со Турција во областа Еврос да биде отворена, рече тој.

Но министерот додаде и дека Владата непрекинато разгледува алтернативни решенија, во кои е вклучена и областа Еврос.

Според Високиот комесаријат за бегалци на ОН од почетокот на годинава од турскиот брег кон грчките острови во Егејско Море преминале 580.125 лица, а 94 отсто од нив биле бегалци. А секој еден на четворица од нив кои се обиделе да тргнат на такво ризично патување, биле деца.

Грција, но исто и Европа, се надеваа дека влошувањето на времето ќе го запре бранот бегалци. Но, реалноста го покажува спротивното. Бегалскиот прилив се зголеми во октомври. Минатиот месец на островите во земјата пристигнале 189.311 лица, додека во септември тој број изнесувал 156.357, во август 107.843, а во јули 51.961, велат од Комесаријатот.

Многу од бегалците во Грција доаѓаат директно од Сирија, минувајќи транзитно неколку дена преку Турција.

Значителниот пораст на овој прилив се должи на ескалацијата на конфликтот во Сирија, каде напаѓа секој секого кој претстевува закана за неговите геополитички интереси: Американците – џихадистите, Турците – Курдите, а русите, кои влегоа во играта на крајот на септември, ја бомбардираат умерената опозиција.

Неодамнешниот пораст на бегалскиот прилив се заснова на фактот дека Русите го бомбардираа Алепо. Ако џихадистите станат закана за Асад, бранот бегалци ќе порасне.