Ципрас сепак не дозволува македонска нација

(© AP Photo / Yorgos Karahalis)

На прашањето за постоење на македнската нација Ципрас одговара дека е спротивно на историјата било кој да побара ексклузивност на Македонија во однос на етничката идентификација, што практично значи дека апсурдно е Македонија да бара Македонците да

По скандалозната изјава дека македонската нација не постоела никогаш, грчкиот премиер Алексис Ципрасво интервјуто за весникот Етнос изнсува уште потврда позиција за Македонците и на на прашањето за постоење на македонската нација одговара дека е спротивно на историјата кој и да е да побара ексклузивност на Македонија во однос на етничката идентификација, што практично значи дека апсурдно е Македонија да бара Македонците да бидат признати со посебен етнички македонски идентитет.

Ваквите навредливи изјави за македонската нација стигнуваат во екот наинтезивирањето на преговорите за изнаоѓање на компромисно решение и на само три дена од најавената средба во Давос, пишува во неделата телевизијата Алфа. Во коментарот притиа се наведува дека интервјуто јасно кажува дека главните грчки заложби сиве овие години биле Македонија да биде ФИРОМ а Македонците да не можат да се идентификуваат со географскиот регион Македонија .

За грчкиот премиер географскиот регион Македонија е поделена на три дела меѓу Македонија, Грција и Бугарија, па оттука користејќи го правилото на неексклузивност за користење на терминот Македонија кое го споменува и медијаторот Нимиц, вели се исклучува опцијата ние како Македонци да градиме етничка припадност и идентитет на оваа основа.

Ако овој принцип на Ципрас се примени на регионот Луксембург кој се протега во Франција, Белгија и во Германија, тогаш дури 55 отсто од граѓаните кои се чувствуваат како етнички Луксембуржани, треба да ја загубат својата етничка припадност на луксембуиршката нација, се истакнува во коментарот на ТВ Алфа.

И покрај ваквите негации од грчка страна, за министерот за надворешни Никола Димитров поразително е што ваквите, според него, наводни изјави за непостоење на македонската нација толку брзо биле раширени.

Инаку во Грција владее тензична атмосфера и поделеност поради најавите новото компромисно решение да го содржи зборот Македонија, што е целосно неприфатливо решение за дел од тамошните политички чинители. Ципрас се соочува и со голем отпор од опозицијата околу решението, па поддршка побара и од црквата.