среда, 23 август 2017  |  Вести денес: 46

Ципрас смета дека Грција наскоро финансиски ќе закрепне

Претставниците на членките на еврозоната ги поздравија финансиските и структурните реформи донесени во Грција

Поврзани вести

Грција наскоро финансиски ќе застане на сопствени нозе, изјави во петокот премиерот Алексис Ципрас, ден откако странските доверители одобрија да биде исплатена следната транша од третиот пакет помош.

„Преземавме решителен чекор кој нашата држава ќе ја изведе од економската криза“, порача грчкиот премиер Алексис Ципрас додавајќи дека сега треба да се вложат напори да се направи залетот.

Ципрас во четвртокот вечерта на Twitter нашиша дека „вртат нова страница“. Претходно министрите за финансии на земјите од еврозоната постигнаа договор за одобрување на најновата транша од финансиската помош за Грција во износ од 8,5 милијарди евра.

Станува збор за дел од последниот трет пакет странска финансиска помош за Грција во последните седум години, во изност од 86 милијарди евра, кој треба на оваа презадолжена земја да ѝ овозможи да спречи нова должничка криза во јули, кога за наплата доспеваат следните 7 милијарди евра од долгот за кредитите. Оваа помош мора уште да ја одобрат и парламентите на некои земји од еврозоната.

Претставниците на членките на еврозоната ги поздравија финансиските и структурните реформи донесени во Грција, кои вклупчуваат и промени во данокот на приходите и измени на пензискиот систем.

Германија, којашто инсистира на строгите услови за штедење за продолжување на помошта, може да го разгледа ублажувањето на грчкиот должнички товар из репрограмирање на враќањето на долговите, откако следната одина ќе истече сегешниот пакет за помош. Грција потоа ќе може повторно да позајмува пари на финансиските пазари.

Најчитани вести