Ципрас: Мерките за штедење во Шпанија доживеаја политички пораз

Мерките за штедење во Шпанија доживеаја политички пораз. Грчкиот премиер Алексис Ципрас ги поздрави резултатите од изборите во Шпанијa.

Според него, на изборите во Шпанија гласачите ги отфрлија непопуларните мерки за штедење што, во  време на должничката криза во еврозоната, ги воведоа шпанскиот премиер Маријано Рахој и неговата Народна партија, пренесе МИА, повикувајќи се на Танјуг.

Ципрас: Мерките за штедење во Шпанија доживеаја политички пораз
Ципрас: Мерките за штедење во Шпанија доживеаја политички пораз

Мерките за штедење во Шпанија доживеаја политички пораз, наведе Ципрас во соопштение, истакнувајќи дека резултатите од изборите се потврда за оние кои се противат на зголемувањето на даноците и знак дека Европа се менува.

Партијата на Рахој победи на изборите во Шпанија, но не освои мнозинство во Парламентот, што до овој момент го имаше.

Ципрас и неговата партија Сириза се блиски со шпанскиот Подемос, чиј лидер е професорот по политички науки Пабло Иглесијас.

Подемос (Можеме) го освои третото место на изборите, освојувајќи 69 од вкупно 350 места во Долниот дом на Парламентот.

Според речиси целосните резултати од изборите, Народната партија  освои 122 места во Парламентот. На второ место се социјалистите со 91 место, а четврти се Сиудаданос (Граѓаните) со 40 места.