Балкан

Ципрас утре ќе објави кого ќе кандидира за претседател на Грција

Ципрас утре ќе објави кого ќе кандидира за претседател на Грција

Грчкиот премиер Алексис Ципрас утре на состанокот на парламентарната група на СИРИЗА ќе го објави името на кандидатот кој ќе го предложи за претседател на Грција.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, пратениците во среда ќе гласаат за нов грчки претседател.

Во меѓувреме, портпаролот на грчката Влада Гаврил Сакеларидис информира дека Ципрас и вчера разговарал со функционери од грчката Влада и претставници на ЕУ. Во попладневните часови, тој телефонски разговарал и со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Висок претставник на Комисијата, коментирајќи го телефонскиот разговор, изјавил дека Јункер „прави последни напори во екстремно тешка ситуација“. Според истиот извор, надежите за постигнување договор на денешниот состанок на Еврогрупата не се високи, со оглед на тоа што грчката Влада има различни ставови во однос на другите партнери кои ќе присуствуваат на состанокот.