Ципрас утре ќе соопшти кого ќе кандидира за претседател на Грција

Грчкиот премиер Алексис Ципрас утре ќе го објави името на кандидатот кој ќе го предложи за претседател на Грција, на состанокот на парламентарната група на Сириза, пишува МИА.

Пратениците в среда ќе гласаат за нов грчки претседател.

Во меѓувреме, портпаролот на грчката Влада Гаврил Сакеларидис информира дека Ципрас и вчера разговарал со функционери од грчката Влада и претставници на ЕУ. Во попладневните часови, тој телефонски разговарал и со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Висок претставник на Комисијата, коментирајќи го телефонскиот разговор, изјавил дека Јункер „прави последни напори во екстремно тешка ситуација“. Според истиот извор, надежите за постигнување договор на денешниот состанок на Еврогрупата не се високи, со оглед на тоа што грчката Влада има различни ставови во однос на другите партнери кои ќе присуствуваат на состанокот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.