Ципрас вели Заев му признал дека имаме словенски и албански корени

Премиерот Зоран Заев продолжува со надворешната политика против која жестоко е против опозицијата како и големиот број граѓани на Република Македонија. Премиерот на Грција, Алексис Ципрас денеска во Солун по средбата со градоначалникот на овој град, Јанис Бутарис, кажа дека Заев му признал дека македонскиот народ има словенски и албански корени, а како премиер се откажал од тоа дека Македонија имала некаква врска со Александар Македонски.

Тоа е оксиморонот, имаат државен ентитет што 70 години се вика Македонија, а немаат никаква врска со Александар Велики и со овој историски тек. Имаат словенски и албански корени и го признаваат тоа. Што значи, ако добиеме одредница пред името Македонија е голема победа и уште поголема да се договориме дека едно е нашата Македонија што доаѓа од долгата традиција на грчкиот антички свет, а друго е нивната традиција и нивниот културен знак, рече Ципрас потенцирајќи дека Грција ниту ја игнорира, ниту пак смета дека не постои нашата традиција или културно наследство, но дека се две различни работи, изјави Ципрас.