Ципрас: Велигден – обнова на надежта и подобро утре

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас им порача на граѓаните дека годинава Велигден ќе им донесе „обнова на надежта и подобро утре“, пренесува Танјуг.

– Ова е нашето воскреснување. Ова е воскреснување на сите нас што донесовме одлука да станеме исправено, да погледнеме нагоре и обединети да ги надминеме сите тешкотии на ова време, рече Ципрас.

Според грчкиот премиер, пораката за Велигден е порака за животот и правдата која се слушна во Грција, во ЕУ и низ целиот свет.

– Веќе го направивме големиот почеток. Имаме право и способност ова да го приведеме кон крајот. Пролетта на создавањето мора да стави точка на зимата на помирувањето со судбината, додаде Ципрас.