Ципрас: Вистинската револуција значи отворање на патишта

Вистинската револуција значи отворање на патишта, дури и кога тие не постојат, изјави вчера грчкиот премиер во заминување Алексис Ципрас, на состанокот на политичкиот секретеријат на партијата СИРИЗА, пренесе Танјуг.

Ципрас: Вистинската револуција значи отворање на патишта

Ципрас порача дека левицата никогаш не ја имала таа привилегија да го бира времето или околностите во кои што ќе ги води сопствените битки, но додал дека одлика на револуционерот не е да избере бегство од реалноста или да создава виртуелна стварност.

Она што е револуционерно е да се отворат патишта, дури и кога тие не постојат, нагласи Ципрас.

Лидерот на СИРИЗА исто така порача дека партијата има можност да развие нов однос со општеството кое што ја поддржува, како и да заземе остар идеолошки и политички став на модерна и радикална левица, ослободена од остатоците на конзерватизмот и илузиите.

Ципрас: Вистинската револуција значи отворање на патишта
Ципрас: Вистинската револуција значи отворање на патишта

Ципрас на состанокот предложи формирање на три комисии: за изборната програма, за броење на гласачките ливчиња и за комуникација.

Наредната средба на секретеријатот на СИРИЗА е закажана за понеделник.

Мимаракис: Ципрас не поднесува оставка, тој бега

Нова Демократија одржа прес конференција веднаш по одлуката на Ципрас да си поднесе оставка и да закаже вонредни избори во септември. Според, Мимаракис, Ципрас не поднесува оставка, тој бега, пренесе вчера Грик рипортер.

Мимаракис: Ципрас не поднесува оставка, тој бега
Мимаракис: Ципрас не поднесува оставка, тој бега

Ципрас бега. Тој се обидува да избегне дилеми, духот на Лафазанис, кој лебди над него. Тој има големо чувство на вина како наводно стар левичар, изјави Мимаракис на синоќешната прес-конференцијата, која ја одржа откако Ципрас објави предвремени избори.

Тој рече дека ако премиерот навистина успеал, тој не би имал никаква причина да се впушта во избори.

Тој се откажува, тој го предава оружјето, го фрла штитот. Во овој момент јас дури и не сакам да се сретнам со него. Лафазанис има поголема етичка предност, истакна тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.