Ципрас во Берлин најави силни реформи

Германската канцеларка Ангела Меркел по денешната средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Берлин изјави дека не е постигнато никакво трајно решение за финансиската криза во Грција, бидејќи тоа е задача на еврозоната, објави МИА.

Ципрас посочи дека причините за проблемите Грција не смее да ги бара во странатство туку дома.

Ципрас најави силни реформи но ја спомена само битката против даночната евазија. Тој демантираше дека во Берлин дошол по пари.

– Моја работа не е да барам пари за идната плата во Грција, тоа не е институционална обврска на евроинституциите – рече Ципрас.

Меркел одби да коментира дали Ципрас ја уверил во реформите. Според неа за мерките треба да одлучуваат министрите за финансии на еврозоната.

Двајцата соговорници признаа дека имало жестока дебата и не открија детали за начинот на кој Атина ќе ти спроведе реформите.

За Ципрас проблемите со ликвидноста на земјата се со среден рок и се добро познати.

Грчкиот премиер коментирајќи ја сликата објавена во германскиот весник „Шпигел“, на која Меркел е прикажана со нацистички офицери пред Акропол, истакна дека Меркел не е виновна за тоа што го сториле нацистите.