Балкан

Ципрас: Во понеделник националното понижување ќе биде готово

Ципрас: Во понеделник националното понижување ќе биде готово

Лидерот на опозициската коалиција на радикалната левица Сириза, Алексис Ципрас синоќа изјави дека е блиску до ставање крај на националното понижување, три дена пред парламентарните избори во Грција, пренесе МИА.

– Во понеделник националното понижување ќе биде готово. Ќе завршиме со наредбите од странство. Бараме прва можност за Сириза. Тоа може да биде последна можност за Грција, изјави Ципрас (40) на завршниот изборен митинг на Сириза во Атина.

На најголемиот предизборен митинг на Сириза, присуствуваше и лидерот на шпанската левичарска партија Подемос Пабло Иглесиас, додека илјадници симпатизери на Сириза излегоа со знамиња и транспаренти „Промена на Грција, промена на Европа“.

– Ветерот на демократските промени дува, промени во Европа од промени во Грција, изјави Иглесиас, додавајќи дека се нарекува Сириза во Грција, а Подемос во Шпанија.

Лидерот на Сириза ги преводи силите кои се против тешките мерки за штедење и се заканува со прекинување на исплатата на долгот на земјата кон европските кредитори, што изнесува околу 240 милијарди евра.

Според Ципрас штедењето не е дел од европските обврски, а дека владата предводена од Сирија ќе ги почитува обврските на Грција како земја членка на ЕУ, како што се демократија и принципот на сувереност на народите.