Ципрас во среда ќе се сретне со Јункер во Брисел

Новиот грчки премиер Алексис Ципрас на 4 февруари во Брисел ќе се сретне со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, пренесе МИА, повикувајќи се на ТАСС.

Дневниот ред на средбата не е соопштен, но, според грчките медиуми, ќе се разгледаат прашањето на грчкиот долг и реформите кои Владата има намера да ги спроведе.

Според вчера објавената допрецизирана програма на посетите на Ципрас, тој на 2 февруари ќе ја посети Никозија, на 3 февруари ќе
биде во Рим, а на 4 февруари ќе се сретне со Јункер во Брисел и со
францускиот претседател Франсоа Оланд во Париз, забележа ТАСС.