сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Ципрас: Зацврстувањето на односите со Русија е наш стратешки избор

Сакам да потенцирам дека зацврстувањето на односите со Русија е наш стратешки избор. Имаме историски, блиски верски и духовни врски, рече Ципрас.

cipras-putin

Последни вести

Грција и Русија синоќа усвоија заедничка политичка декларација на крајот од средбата меѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас и рускиот претседател Владимир Путин во Атина, пренесува МИА.

Двете страни исто така потпишаа договор за основните услови за испорака на сирова нафта и нафтени производи. Договорот го потпишаа претседателите на „Росњефт“ Игор Сечин и компанијата „Хеленик петролеум“ Јоргос Стергиулис.

Грчката и руската Влада усвоија и заедничка декларација за партнерство, план за руско-грчките односи во сферата на земјоделството и туризмот.

Сакам да потенцирам дека зацврстувањето на односите со Русија е наш стратешки избор. Имаме историски, блиски верски и духовни врски. Пред нас е можноста да го надградима економското партерство, да ја зголемиме стабилноста во регионот и во светот, истакна Ципрас.

Тој додаде дека Грција може да биде мост за соработка меѓу Европската унија и Русија.

Најчитани вести