Цирпас: Македонска нација никогаш не постоела

Грчкото радио 24/7 ја пренесува најавата за интервјуто во кое грчкиот премиер Алексис Ципрас зборува за преговорите со Скопје и „го опишува името што грчката влада е подготвена да го прифати“.

Ципрас во интервјуто, меѓу другото, истакнува декла „македонската нација никогаш не постоела“…

„Македонската нација никогаш не постоела“, рекол грчкиот премиер Ципрас во интервју за неделното издание на Етнос.

Во интервјуто коешто ќе биде целосно објавено во неделата, Ципрас зборува за преговорите за името, за тригодишната влада на неговата коалиција од крајната левица СИРИЗА, за долгот и за можните кредитни линии, за реформите.

Во интервјуто за весникот Ефимерида, пак, грчкиот премиер Алексис Ципрас ги обвинува своите претходници Константинос Мицотакис и Јоргос Самарас дека во 1990-те години се занимавале со сериозно национално прашање, како што е спорот со името, од позиции на „теснопартиска мизерија“.

Ципрас вели дека Нова Демократија водела и сѐ уште води теснопартиска политика со цел да освои симпатии и гласови на кратки патеки, а не долгорочно да ги реши националните прашања на Грција.

„Затоа, јас сум тој храбар човек кој ќе го реши ова прашање, без оглед на тоа колку ќе изгубам потоа на политички план“, вели Ципрас во интервјуто.

Порталот „Њуз 24/7“, кој објавува извадоци од интервјуто на Ципрас, е дел од медиумската група на Етнос.

Во врска со дијаметрално спротивставените позиции на неговиот коалициски партнер, партијата Независни Грци по прашањето со името, Ципрас вели дека „Панос Каменос нема да стане Андонис Самарас“, со кое нагласува дека лидерот на анционалистичката партија нема да создаде проблем за влада.

Андонис Самарас, инаку, беше министер за надворешни работи во владата на Константинос Мицотакис во периодот од 1990 до 1993 година. Токму тогаш избувна спорот за името меѓу Атина и Скопје. Самарас ја заврши конечната позиција и не се согласува со Мицотакис. Ја напушти тогашната владејачка Нова Демократија и ја создаде својата десничарска Политичка пролет. Тоа беше една од причините за падот од власта на својот омилен премиер на Грците, Мицотакис во октомври 1993 година и враќањето во власта на Анедреас Папандреу и социјлистите од ПАСОК.

Потоа, Самарас се врати во редовите на Нова Демократија и стана премиер. Неодамна ја напушти лидерската позиција отстапувајќи му го на Кирјакос Мицотакис, кој е син на покојниот Константинос Мицотакис и брат на поранешната министерка за надворешни работи Дора Бакојани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.