Зошто 20 минути од денот треба да посветиме на чистење на умот?

Зошто 20 минути од денот треба да посветиме на чистење на умот?
Зошто 20 минути од денот треба да посветиме на чистење на умот?

Мантра. Тивка изолација. Прво ова ни паѓа на памет кога ќе го слушнеме зборот медитација. Но, во последно време се повеќе луѓе ја користат оваа древна техника поради влијанието кое го има на нивните животи.  Зошто 20 минути од денот треба да посветиме на чистење на умот?

Медитацијата е техника за сите

На светот не постои личност која не би имала корист од медитацијата. Во рок од неколку недели таа ја менува целосната структура на мозокот, ја прави личноста посмирена и постабилна. Може да ја практикуваат сите култури и сите религии.

Не мора да го менувате животниот стил

Нема потреба да и се посветите на праксата во тишина, да негувате посебна религија или да се откажете од материјалните предности и да станете веган. Иако постојат медитации кои траат и до неколку часа, на нас ни се доволни само 20 минути за да го постигнеме посакуваниот резултат.

Медитацијата е веќе во мода

Порано, луѓето кои медитирале се нарекувале фрикови и биле подлежни на одредени стереотипи. Денес, оваа пракса е попопуларна од било кога. Се што треба да направите е да седнете на вашето удобно место и да одите на „мозочен одмор“.

Секоја вежба е важна

Мислите дека нема…