Зошто 20 минути од денот треба да посветиме на чистење на умот?

Многу луѓе се интересираат за медитација, зашто им е потребна промена и драстични мерки кога ќе го допрат дното. Баш затоа се препорачува медитирањето како превентивен метод за спречување на последиците од брзиот начин на живеење.

Поддржана од страна на науката

Дури и научниците потврдија дека медитцијата има влијание врз нашето психичко здравје. Редовната медитација го намалува нивото на стрес и нервоза, ја зголемува енергијата, го изострува умот, ја подобрува способноста за решавање на проблемот, го намалува холестеролот и главоболките…

Тоа е рутина како и секоја друга

На медитацијата мора да и посветите малку време секој ден, за да ви стане рутина. После тоа, ќе ви биде полесно да ја почувствувате физичката и психичката промена. Не ви е потребно совршено време и место – вашето секојдневие е совршено.