Цистерна се преврте кај Делчево, тони нафта излеани на патот

Повеќе тони нафта се излеани на патот Делчево-Македонска Каменица откако вчера попладне се преврте цистерна.

Од полицијата информираат дека околу 17:15 часот, М.М. (47) управувајќи цистерна полна со нафта со приколка, изгубил контрола и излетал од патот.

Во несреќата велат од полицијата нема повредени, а на патот се излеале повеќе тони нафта.