Цитати кои ја одбележаа 2013 година – Малала, Сноуден, Папата, Џоли…

Оваа година ќе запомниме по многу работи, настани, влијателни луѓе и секако, моќни цитати кои вредат да споделат.

Само еден ден не’ дели од новата година, а оваа ќе ни остане во паметење по трагедиите, по природните катастрофи кои земаа многу жртви и оставија милиони без дом, по новите научни откритија, по смртта на две клучни политички фигури, по раѓањето на идниот британски крал…

„Тајм“ има традиција да  објавува листи на настаните и личностите кои ја одбележаа годината која изминува, а според нив ова се 10 цитати кои вредат да бидат запаметени.

1. „Кога ја поткопуваш  моќта на владата, правиш фундаментална опасност  за демократијата“ – Едвард Сноуден, објанувајќи што ги објави тајните документи на НСА.

2. „Не рековме дека поседуваме хемиско оружје, но не рековме и дека не поседуваме“ – Башар ал Асад околу обвината за користење на хемиско оружје во нападите.

3. „Кој сум јас да судам?“– Папата Франциско, на миса во Бразил.

4. „Тоа беше весел настан, кој беше апсолутно уништен“- Мајк Шилт, чија сопруга беше убиена за време на терористичкиот напад на бостонскиот маратон.

5. „Тие бараат нивниот глас да биде слушнат. Резултатите зборуваат за нив“– сенаторката на Тексас, Венди Дејвис за време на 11-часовниот говор за забрана на абортусот.

6. „Пред 35 години, јас можев да бидат Тревор Мартин“– Барак Обама, отако Џорџ Зимерман беше обвинет на убиство на младото црномурсто момче Тревор Мартин на Флорида.

7.„Претседателот треба……………. нека се задржи она што го има“ – Бил Клинтон за здравствената реформа на Барак Обама „Обамакер“.

8. „Јас направив силен избор, што во никој случај не ја намалува мојата женственост“ – Анџелина Џоли, пишувајќи за својата двојна мастектомија, за која таа вели драматично и’ го намалила ризикот за рак на дојка.

9. „Јас ќе кажам вистината со убави зборови и напад од насмевки“- Бенјамин Нетанјаху, израелскиот премиер, наведувајќи дека Иран е подготвен да преговара за нуклеарната  политика.

10. „ Сакам секое девојче, секое дете, да биде едуцирано“ – Малала, која беше повредена минатата година од Талибанци бидејќи се бореше за право не жените и девојчињата на образование во Пакистан.