Цивили повредени во напад врз конвој со странски војници во Кабул

Портпаролот на авганистанската полиција изјави дека тројца авганистански цивили се полесно повредени при самоубиствениот напад со автомобил-бомба врз конвој со странски војници во Кабул.

Тој додаде дека нема повредени странски војници, а информацијата ја потврди и портпаролот на меѓународната мисија „Одлучувалчка поддршка“ во Кабул.

Во нападот оштетени се две возила на НАТО, како и околните продавници.

Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците, тврдејќи дека убиле голем број странски војници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.