ЦК на ВМРО ДПМНЕ денеска ќе одлучува за оставката на Груевски

Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ на седница закажана за денеска попладне ќе одлучува за оставката којашто ја најави партискиот лидер, Никола Груевски во интервју на 1 декември. Оставката ќе се смета за прифатена ако за тоа се сложат 130 членови на Централниот конгрес.

Централниот, потоа, треба да реши и по предлогот на Извршниот комитет за одржување на вонреден Конгрес за избор на нов претседател на партијата на 23-ти декември во Валандово.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.