CNN: Министерството за финансии предало во Конгресот информации за врските на Трамп со Русија

Американското министерство за финансии ги предало во Конгресот податоците коишто може да помогнат во истрагата за можните деловни врски на американскиот претседател Доналд Трамо со Русија, пренесе телевизијата CNN повикувајќи се на информирани извори.

Документите се доставени до комитетите на двата дома на Конгресот од специјалниот оддел на Министерството за финансии, службата за финансиско разузнавање (ФИНСЕН). Оваа агенција се занимава со мониторинг на финансиските текови и шеми за „перењето пари“, и собира информации од банки од целиот свет.

Проучивањето на финанските извештаи и транссакции е „од суштинско значење“ за истрагата, изјавил за CNN членот на комитетот на Претставнилиот дом за разнузнавање, Адам Шифф.

Последните неколку седмици претставниците на Демократската партија повеќепати инсистираа да се упати барање до ФИСЕН да обезбеди финансиски извештаи за потребите на истрагата. Претходно американскиот Сенат одби да го потврди номинираниот од Трамп Сигал Малдекер на должноста шеф на ФИНСЕН, се’ додека агенцијата не ги задоволи нивните барања, истакнува CNN.

Министерството за правда во средата го назначи поранешниот челник на Федералното биро за истраги (FBI) Роберт Мјулер за специјален обвинител во врска со истрагата за наводното руско мешање во американските претседателски избори минатата 2016 година.

Американските разузнавачки агенции во неколку наврати ја обвинија Москва дека се обидувала да влијае на текот на изборната кампања, којашто од своја страна во ги оцени ваквите обвинувања како „апсолутно неосновани“.