CNN: Трамп побарал од Меркел совет за соработка со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп побарал од германската канцеларка Ангела Меркел при нејзината неодамнешна посета на Вашингтон, совет како најдобро може да соработува со рускиот колега по должност, Владрими Путин, објави во понеделникот американскиот телевизиски канал CNN.

Според тврдењето на изворот на телевизијата, разговорот меѓу Трамп и Меркел по одредени прашања бил доста напнат. Како што се истакнува во прилогот на CNN, останува нејасно каков совет можела да му даде германската канцеларка на американскиот претседател. Се истакнува, исто така, дека „официјални лица јасно ставија до знаење дека претседателот понекогаш и не ги слушаше одговорите“.

Трамп, велат неименуваните соговорници на телевизијата запознаени со текот на разговорите со Меркел, се фокусирал на прашањата за трговската размена и издвојувањата за одбраната. Ја критикувал Германија за прекумерниот протекционизам во трговијата, а исто така, истакнал дека германските власти треба да насочат повеќе пари за воените потреби. Претставник на Белата куќа, ги негираше тврдењата на CNN во однос на содржината на разговорите на двајцата челници.

Во пресрет на средбата на Трамп и Мекрел којашто од двете страни на Атлантикот се очекуваше со големо внимание на медиумите, а следеше веднаш по посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на Вашингтон кога тој призна дека не успеал да го убеди челникот на САД да остане во иранскиот нуклеарен договор, Трамп тврдеше дека води остра политика кон Русија, како ниеден негов претходник, но истовремено зборуваше и за нормализирање на односите со Москва.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.