Цонева: Ние од ВМРО ја дистанциравме Ременски бидејќи немаше капацитет

Фактот што оваа политичарка нема кредибилитет и капацитет, не му пречеше на нејзиниот сегашен лидер, Зоран Заев, да и додели министерско место. Тој одлучи да прегази по договорот и она што го зборуваше, па за министри постави партиски, а не стручни кадри.

remenski-vmro-sdsm

Ременски ниту на официјалниот сајт на СДСМ не е претставена како активен член со политичка и партиска катиера. Нејзината биографија е составена од два реда!

Инаку, Ременски е еден од ретките високо позиционирани партиски функционери и партиски потпретседатели во чија биографија не стои од кога е член на СДСМ.

remenski-mancevski-1

За разлика од Ременски, во партиската биографија на Дамјан Манчевски стои дека е активен член на СДСМ од 1996 година, а Кирацовски од 2001 година.

remenski-kiracovski

„Курир“ нагласува дека познавачите на состојбите во партијата велат дека токму одлуката на Заев да не го стави Дамјан Манчевски меѓу новите министри и заменици е причината Радмила Шеќеринска да не се појави на еден од најважните партиски состаноци оваа година и да замине во Белград бидејќи Дамјан Манчевски е човекот од највисока доверба на заменик претседателката на СДСМ.