ФОТО: Ова е човекот што ја откри водата на Марс

Ова е човекот што ја откри водата на Марс. За најголемиот дел студенти наоѓањето работа дури и преселувањето од дома е нешто многу важно. Но, секогаш има такви луѓе што се противат на трендот и имаат толку големи постигнувања за колективот што сите други остануваат во сенка. Лухендра Оџа е еден таков човек.

Тоа е така затоа што тој само што помогна да се открие водата на Марс. Неговото откритие, што тој за прв пат го абележа пред пет години, би можело да ги зголеми шансите за да биде пронајден живот на Црвената планета.

Тој додека студирал, правел самостојно истражување на фотографиите од површината на Марс и открил „палмовидни структури на почвата“ кои потсетувале на остатоци од течна вода.

Овие линии најверојатно се резултат на течната вода што тече низ кањоните и кратерите во летниот период на Марс.

Линиите имаат долги, темни дамки на планетата пред да се исушат во текот на есента додека температурите се во пад.

Она што го направивме во оваа најнова студија е тоа што ја погледнавме површината на Марс во поинакво светло. Ги погледнавме на обична светлина и на инфрацрвена светилна и направивме споредба како различни материјали за апсорбираат светлината. На тој начин ги споредивме со податоците во лабораторијата и дојдовме до сознанија за каков вид материја се работи, вели Лухендра.

Ако навистина има вода на Марс, тоа значи дека има поголеми шанси дека таму имало, или сеуште има некој вид живот на Марс.

НАСА одржа прес конференција и рече дека „Големата мистерија е решена“, но јас сметам дека ние само допревме на површината, вели Лухендра.

Тој нагласува дека мора да се дознае од каде доаѓа водата и колку вода има всушност таму.

Лухендра има уште една година до завршувањето на постдипломските студии за планетарни науки во Институтот за технологија во Џорџија. Потоа вели дека ќе се обиде да најде работа.