Крими хроника

Црината заплени козметика, цигари, облека…

Црината заплени козметика, цигари, облека…
Црината заплени козметика, цигари, облека...

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани цигари, рамки за очила, очила за сонце, парфеми,  мобилни телефони, облека, автоделови, регистарски таблички, додатоци на исхраната и фалсификати.

Задржана е следната стока:

Козметика и модни додатоци

– 436 рамки за очила и 30 пара очила за сонце, откриени при контрола на украински автомобил, управуван од украински државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Стоката е пронајдена во 3 картонски кутии, сместени во багажникот на возилото, покриени со куфери и кутии со личен багаж. Непријавените производи се привремено задржани, а против прекршителот е поведена соодветна постапка.

– 110 парфеми, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автобус што сообраќал на релација Истанбул-Скопје, извршена во близина на клучката кај Велес. Во кеса сместена на предните седишта на автобусот се пронајдени 37 парфеми, сопственост на возачот, а на последните седишта е пронајдена уште една кеса со 73 парфеми, сопственост на патник во автобусот, двајцата македонски државјани. Парфемите се привремено задржани, а против прекршителите се поднесени барања за поведување прекршочни постапки.

Техничка стока

– 3 нови мобилни телефони iPHONE 6S, откриени од страна на мобилните царински тимови при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ќафасан. Мобилните телефони се пронајдени во патна торба, помеѓу личните работи на патник во возилото, исто така македонски државјанин. Непријавените телефони се привремено задржани, а против прекршителот e поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

 Додатоци на исхраната

– 100 опаковки по 20 таблети Ce Sum Leta, Fero Sum Leta, Cink Sum Leta и Selen Sum Leta и 10 опаковки по 24 таблети Api Sept додатоци за исхрана, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени во кеси под возачкото и на совозачкото седиште се привремено задржани, а против прекршителот е поведена прекршочна постапка.

Цигари

– 9 штеки цигари Imperial Classic Red со албански акцизни маркички, откриени при контрола на албански автомобил, управуван од албански државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ќафасан. Цигарите се пронајдени во страничните празнини на багажниот простор и под резервната гума на возилото, истите се привремено задржани, а против прекршителот е поведена прекршочна постапка.

Автомобилски делови и регистарски таблички

– 20 комплети ламела со потисна плоча и замaец за различни возила, откриени при контрола на македонски камион за превоз на автомобили, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Автоделовите се пронајдени во багажниците на 9 употребувани возила, натоварени на камионот. Истите се привремено задржани, а против прекршителот е отпочната соодветна постапка.

– 1 комплет бугарски регистарски таблички и сообраќајни дозволи, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата, на граничниот премин Делчево. Табличките и сообраќајните дозволи, што припаѓале на возило марка BMW, привремено увезено од Бугарија од страна на сопатник во возилото, исто така македонски државјанин, се пронајдени во багажникот на возилото. Сопственикот изјавил дека возилото со мал дефект го продал на лице од Тетово кое не го познава и дека не бил направен никаков купопродажен договор. Со таквата постапка возилото било пуштено во слободен промет без претходно да биде ставено во пропишана царинска постапка. Против прекршителот ќе биде поведена прекршочна постапка и постапка за дополнителна наплата на царински долг.

Облека

Obleka,Bogorodica

– 85 парчиња облека (фустани, блузи, џемпери, здолништа, панталони и др.), откриени при контрола на српски автомобил, управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавената облека е пронајдена во два куфери сместени во багажникот, помеѓу повеќе кеси со прехранбени продукти. Производите се привремено задржани, а против прекршителот ќе биде поведена соодветна постапка.

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектулна сопственост

– 1.181 парчиња облека (фармерки, женски блузи,  детски тренерки, детски пижами и детски блузони) и женски чанти, со ознаки на заштитени трговски марки, откриени при контрола на турски камион, натоварен со стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Косово. Камионот се пријавилза влез во државата на граничниот премин Дојран.

– 20 рачни часовници и 1 дијагностички уред за патнички и товарни возила со ознаки на заштитени трговски марки, откриени во два одвоени случаи на царинската испостава Аеродром Скопје-отсек за стоково царинење, при контрола на две брзи пратки од Хонг Конг, од кои првата наменета за физичко лице од Скопје, а втората наменета за фирма од Тетово.

Во сите случаи, поради сомневање дека се повредени права од интелектуална сопственост, производите се привремено задржани и согласно законските прописи ќе бидат спроведени постапки за утврдување на нивната оригиналност.