Црква „исплива“ од езеро во Турција

Од длабочините на турското езеро Никеја, се појавија остатоци од христијански храм, што според информациите потекнува од петтиот век.

Се претпоставува дека храмот е потонат во езерото по земјотресот, што се случил во 740-та година. Според археологот Мустафа Сахин станува збор за храмот „Свети Петар“,од византискиот период.

Црквата е поставена во насока запад-исток, а висината на остатоците е помеѓу 1,5 и два метри.